Скопје, 1 април 2020
Помина цела една недела откако ВМРО-ДПМНЕ ги повика министрите и функционерите на власта да се откажат од своите плати, а од СДСМ ни трага ни глас.
Нема ниту збор од Оливер Спасовски за откажување од неговите 88.000 денари плата, ниту од Шекеринска за откажување од нето-платата од над 80.000 денари, молчи и Мила Царовска за нето плата над 73.000 денари, исто како и Рената Тренеска Дескоска за платата од над 73.000 денари.
Про боно не сака да работи ниту Никола Димитров чија плата сега е над 72.000 денари, но и Дамјан Манчевски со плата од над 70.000 денари.
Молчат и не сакаат да се откажат од своите примања стотина функционери кои изминатиов период земаа вртоглави суми на плата.
Потребни се чекори веднаш, а не празни соопштенија и бледи прес конференции.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.