Утрински Весник
Македонија

Онлајн Априлијада по повод Денот на шегата

Онлајн Априлијада по повод Денот на шегата

Скопје, 1 април 2020 (МИА) – По повод Денот на шегата Детскиот културен центар Карпош денеска на својата фејсбук-страница со пренос во живо ќе организира градска Априлијада.

Априлијадата ќе започне во 12 часот, а од ДКЦ Карпош ги повикуваат сите да се придружат на настанот.

– Во овие услови кога ни е најпотребно смеење, првпат на несекојдневен начин ја организираме градската Априлијада. Смеењето е здравје, а здравјето ни е најпотребно во моментов, наведуваат во соопштение од ДКЦ Карпош. бт/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната британска амбасадорка, Сивањанам

УЖАС: Цели девет месеци силувал дете под 15 години во Куманово

Земјотрес попладнево во Македонија, епицентарот на 13 километри од Охрид