Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Државниот архив одбележува 69 години од формирањето

Емил Крстески: Ширењето лажни вести – удар врз СДСМ
Dik 300x250 mk

Скопје, 1 април 2020 (МИА) – Државниот архив денеска одбележува 69 години од формирањето. Во оваа институција се чуваат 7.769 архивски фондови, околу 70.000 архивски книги, 382 збирки, мноштво на микрофилмуван архивски материјал, а најстариот документ потекнува од 12 век – Евангелието на Св. Апостол Лука.

На 1 април 1951 година е формиран Државниот архив на НР Македонија, денес – Државен архив на Република Северна Македонија и тој ден се одбележува како ден на сите архивски работници.

– Чинот на основање на Државниот архив претставува еден од најзначајните настани во нашата понова историја, а Архивот за нашата држава и нашиот народ претставува изворно сведоштво за државното постоење и континуитет, како и за нашиот идентитет, информираат од Државниот архив.

Во рамки на Државниот архив денеска работат 300 лица во девет одделенија, и тоа во Скопје, Охрид, Битола, Прилеп, Куманово, Велес, Штип, Струмица и Тетово, кои се формирани во периодот од 1951 до 1962 година. аа/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Утревечер ѕвездено небо над Штип во чест на Панчо, светлината што никогаш нема да згасне

Филипче: Во програмата на Бузлевски никој не е заборавен, со него Ресен повторно ќе се развива

Османи до Меџити: Срамно лажеш дека мојот покоен татко направил дивоградба, стотици милиони евра испумпавте со дивоградби