Утрински Весник
Политички Партии

ЛДП: Владините мерки производ на демократска дебата, на ред е солидарноста на крупниот капитал

ЛДП: Евролибералите одлучно за почеток на преговори со Република Северна Македонија до крајот на годината

Скопје, 31 март 2020 

Во однос на вториот пакет на економски мерки кои ги најави Владата за ублажување на последиците од кризата предизвикана од Ковид-19:

Либерално-демократската партија го поздравува пакетот економски мерки кој го усвои Владата, истакнувајќи ја важноста дека истите произлегуваат од демократската дебата која Македонија покажа дека може да ја води и во кризни моменти.

Добро е што Владата ги послуша сите оние кои говореа јавно и во рамките на владините тела дека мора да се усвојат балансирани мерки со кои ќе се поддржат граѓаните но и малите и средни бизниси со цел полесно надминување на кризата.

Воедно ЛДП ги повикува големите и моќни компании како и оние кои можат да ја покажат општествената солидарност да го поддржат Фондот кој го направи Владата за надминување на кризата со Ковид-19.

Во очекување на понатамошни мерки кои Владата ќе ги објавува зависно од развојот на настаните, ЛДП ја повторува важноста за континуиран придонес на сите чинители во општеството за почитување на мерките, но и за конструктивен пристап во доставувањето на предлози за заедничко надминување на кризата која не засега сите поединечно и како нација во целина.

ЛДП ќе продолжи така да се однесува во рамките на Владата.

Либерално-демократска партија

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт