Утрински Весник
Економија

Дополнителна поддршка за економијата од осум милиони евра за обртни средства и 50 милиони за заштита на ликвидноста

Дополнителна поддршка за економијата од осум милиони евра за обртни средства и 50 милиони за заштита на ликвидноста

Скопје, 31 март 2020 (МИА) – Дополнителни осум милиони евра се обезбедуваат преку Развојната банка за поддршка на микро, малите и средни претпријатија за обртни средства и околу 50 милиони евра за заштита на ликвидноста на претпријатијата.

Ова е една вториот сет мерки што денеска ги донесе Владата на седница, а ги соопшти премиерот Оливер Спасовски на прес-конференција.

-Развојната банка покрај 5,7 -те милиони евра ќе пушти и дополнителни осум милиони евра бескаматни кредити за  микро, мали и средни претпријатија, што може да ги користат во зависност од бројот на вработените. Максималниот износ кој ќе биде одобрен не може да биде повисок од 5,535 милиони денари, односно 90 илјади евра, а минималниот понизок од 184.000 денари или три илјади евра, рече Спасовски

Кредитите ќе се одобруваат со рок на отплата до три години со грејс период од 12 месеци, а наменети се за обртни средства. Отплатата, како што рече премиерот, ќе се врши во квартални отплати. Кредитите се бескаматни и без административни трошоци, а ќе бидат обезбедени со меница авалирана од страна на еден од корисниците на кредитот во форма на нотарски акт со извршна клузула

Премиерот додаде дека околу 50 милини евра од Развојната банка на Северна Македонија ќе бидат пласирани преку комерцијални банки за заштита на ликвидност на компаниите.

Средствата, како што појасни, се обезбедуваат во рамки на тековниот договор што Развојната банка го има со Европската инвестициска банка, односно има можност да пвлечене искористен дел од кредитната линија во износ од 50 милиони евра со ниска каматна стапка.

Развојната банка, средствата од оваа кредитна линија, наменета за поддршка на нови проекти, нови вработувања, зголемување на ликвидноста на стопанството и зголемен извоз,  ги  пласира преку деловните банки до крајните корисници, односно до малите и средни претпријатија и компании со средна пазарна капитализација.

Со оваа мерка, како што рече премиерот, Развојната бака ќе понуди каматна стапа од 0 проценти на деловните банки, кои ќе одат со пониски маргини и ќе можат да нудат кредити со камати од околу 1,5 проценти.

-Со цел надминување на проблемите од новонастанатата состојба со појава на коронавирусот, кој директно го погодува работењето на мали и средни претпријатија државата презема мерка со која ќе ја субвенционира каматната стапка на Развојната банка кон ЕИБ, како и админситративниот трошок од 0,5 проценти што Развојната банка ќе го пресметува кон деловните банки преку кои ќе се пласираат средствата, истакна Спасовски.

Меѓу донесените мерки денеска, премиерот потсети на Уредбата за олеснување на договорните услови на кредите од банките и штедилниците, со која банките на лесен и едноставен начин можат да ги одложат кредитите без потпишување анекси и одење на шалтер.

-Банките на правните лица ќе им понудат поповолни услови како пролонгирање отплата, репрограм, грејс период, поповолна камата и слично, додека кај физичките лица банките ќе ги одложат отплатите на кредитите од три до шест месеци. Секоја банка ќе ја донесе одлуката на својот надзорен одбор, рече премиерот.

Додаде дека оваа мерка веќе е во реализација и оти очекува да биде испочитувана.

-Генерално разговараме со сите и сите треба да бидат дел од решенијата. Имаат од сите согласност. Носат одлуки на нивните управни одбори . Она што очекувам е дека сите банки ќе го испочитуваат тоа што е договорено. Ако не го испочитуваат има следен чекор. Секој мора да работи онака како е договорено, изјави премиерот.

Тој соопшти дека една од мерките се однесува и на намалување на ратата и репрограмирање на кредитите кај финансиските друштва и кај лизинг компаниите.

Оваа мерка, како што рече, предвидува кај физичките лица да се репрограмираат кредитите со намалување на ратата  во следните три месеци за 70 проценти од ратата и продолжување на рокот на отплата за најмалку 90 дена од доспевањето.Кај правните лица ќе се одлучува индивидуало со предлагање на најсоодветни поволности согласно со потребите на компаниите.

Нови договори за кредитете, согласно донесените мерки,  е да се одобруваат со грејс период од три месеци, а затезната камата која изнесуваше 51 проценти, се намалува на 31, а останатите трошоци што ги наплаќаат се ограничуваат на 20 проценти од одобрениот кредит.скс/лв/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025