Утрински Весник
Македонија

Во Велес продолжуваат активностите за дезинфекција

Во Велес продолжуваат активностите за дезинфекција

Велес, 31 март 2020 (МИА) – Општина Велес во соработка со припадниците на МВР, СВР – Велес денеска ги интензивира мерките за справување со коронавирусот и заштита на здравјето на граѓаните.

За таа цел на поставените контролни пунктови на влезовите во Велес, денеска се врши контрола и дезинфекција на сите моторни возила кои влегуваат и транзитираат низ градот.

Како што информираат од Општина Велес, оваа активност започна во текот на минатата недела, но интензивно продолжи и денеска,  а ќе се реализира и понатаму.

–Активностите за чистење и миење на улиците, како и дезинфицирањето на возилата на влезовите во градот се интензивирани како резултат на ширењето на Ковид-19 , а со цел да се обезбедат почисти улици и населби, но пред сè заштита на жителите ,потенцираат од службата за информирање на Општина Велес. ад/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со македонски пасош олеснето може да се патува во 114 држави во светот

Приведено лице осомничено за двете убиства во Ѓорче Петров

Обвинителството го отфрли предлогот Дејан Јованов и неговиот син да бидат сослушани како сведоци на судењето против деветмината полицајци за „Пулс“