Утрински Весник
Македонија

Обвинетите во „Транспортер“ осудени на вкупно 36,9 години затвор и 20 години условено

Обвинетите во „Транспортер“ осудени на вкупно 36,9 години затвор и 20 години условено

Скопје, 31 март 2020 (МИА) – Поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талевски е осуден на осум години затвор за злоупотреба на службената положба во предметот „Транспортер“. Од 20-те обвинети со него, десет се осудени на вкупно 28,9 години казна затвор, а останатите десет пак добија по две години условна казна затвор која ќе се активира доколку некој од нив стори кривично дело во рок од пет години.

Судијката Добрила Кацарска денеска пред двајца обвинети и четворица адвокати ја прочита пресудата во која наведе дека обвинетите се виновни за злоупотреба на службена положба и овластување,

Предметот на јавното обвинителство кој се однесува во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра го застапуваа обвинителите Љубомир лапе и Трајче Пеливанов. бк/са/

Пресуда за Транспортер

Posted by MИА.mk on Вторник, 31 март 2020

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Костадиновска-Стојчевска : Разрешувањето на Љутков е признание на власта дека ја уништи културата

Тешко повреден жител на Миладиновци починал на Клинички, паднал од тераса на куќа

Мојсоска: Добивме повеќе министри за здравство за две години отколку што се изградени клинички центри за 35 години