Утрински Весник
Економија

ДЗС: Во февруари годинава зголемување на трговијата на мало

ДЗС: Во февруари годинава зголемување на трговијата на мало

Скопје, 31 март 2020 (МИА) – Во трговијата на мало, во февруари 2020 година споредено со февруари 2019 година се бележи пораст во трговијата со храна, пијалоци и тутун и непрехранбени продукти освен горива, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според овие податоци, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 7.6 %, а реално за 5.8 %), трговија на мало со
непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 10.0 %, а реално за 9.7 %), трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 8.7 %, а реално за 7.7 %) и трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 6.5 %, а реално за 1.4 %). сст/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Просечна нето-плата во февруари 43.053 денари

ММФ: Значително ќе забави светската економија

Одржана седница на Советот на Народната банка: Усвоен Годишниот извештај и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем за 2024 година