Утрински Весник
Магазин

Милијардер нападнат поради фалбаџиство во време на изолација

Милијардер нападнат поради фалбаџиство во време на изолација

Лос Анџелес, 31 март 2020 (/) – Милијардерот Дејвид Гефен го избриша својот Инстаграм профил, откако следачите виртуелно „го нападнаа“ поради објава за тоа како тој се самоизолирал на својата суперјахта од 590 милиони долари.

„Зајдисонцето синоќа… Се надевам сите сте безбедни“, објави Гефен во саботата објавувајќи неколку фотографии од својата јахта што во овој миг се наоѓа кај карипските Гренадински Острови.

Некои од следачите тоа го сфатија како фалбаџиство и како подбивање и потсмевање со „обичните смртници“. Профилот сега е недостапен за јавноста.

Богатството на Гефен изнесува 7,7 милијарди долари.  си/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста