Утрински Весник
Македонија

Затворена за сообраќај регионалната делница Р2234 Јегуновце-Сарај поради реконструкција

Затворена за сообраќај регионалната делница Р2234 Јегуновце-Сарај поради реконструкција

Тетово, 31 март 2020 (МИА) – Поради изведувањето на градежни работи за реконструкција и поставување на асфалт на регионалниот пат Р2234 деновиве делницата ќе биде затворена за сообраќај од 9 до 18 часот,  известуваат од тетовската секција на Јавното претријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта „Македонија пат“. Тоа е делницата која ги поврзуваа селата од општина Јегуновце долж клисурата на реката Вардар со скопските села Радуша, Свиларе, Кондово, па се до Сарај.

– Минатата недела е почната реконструкцијата. Од денеска до четврток во зависност од временските прилики треба да се поставува асфалт на дел од патот во должина од четири километри преку целата широчина и нема да има можност за одвивање на сообраќај. Се врши поставување и „пеглање“ на асфалтот, изјави Дејан Јовановски од тетовската секција на јавното претријатие.

Од претријатието советуваат граѓаните на тетовско преку Јегуновце и Сиричино да пристапат до автопатот Тетово-Скопје како алтернативен правец за движење. ас/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер