Утрински Весник
Економија

АХВ: И кланиците максимално да ги почитуваат заштитните мерки против КОВИД-19

АХВ: И кланиците максимално да ги почитуваат заштитните мерки против КОВИД-19

Скопје, 31 март 2020 (МИА) – Во погоните каде непосредно се врши производство на храна да се држи растојание меѓу вработените од 1,5 до два метра, а во кланиците за колење јагне растојанието да биде согласно работните места превидени по технолошката шема на работниот процес, по должина на технолошката линија на производство. Вработените задолжително да носат заштитна маска и да ја менуваат почесто, на 2-4 часа, како и во случај на нејзино оштетување или загадување со крв или друга нечистотија. Ракавиците почесто да се менуваат, секогаш кога се оштетни, по пауза во текот на работењето, а да се мијат во текот на работата. Пред ставањето на ракавиците, рацете добро да се измијат и дезинфицираат, како и по нивното вадење.

Ова се само некои од препораките на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) испратени до компаниите кои вршат дејност производство на прехранбени производи, со оглед на актуелната соостојба со КОВИД-19.

Според АХВ, за време на паузите, вработените да не се групираат, да одржуваат меѓусебно растојание и да се избегнува меѓусебен контакт на оние од погоните особено со административните службеници. Лицата задолжени за обезбедување на објектот, возачите кои дистрибуираат готови производи, репроматеријали и хартиени документи, исто така треба да носат лична заштитна опрема.

-Во производствениот објект, пред влезот во работните простории, задолжително треба да се обезбеди средство за дезинфекција на раце и обувки. На работните места кои се предвидени по технолошката шема на работниот процес, секогаш треба да има топла вода, средство за миење на рацете и функционални стерилизатори за ножеви. Да се врши почесто проветрување на работните простории, повеќе пати во текот на денот ако е можно, преку природна или вештачка вентилација. Редовно да се спроведуваат Добрите производствени и Добрите хигиенски пракси (ДПП/ДХП) базирани на HACCP принципите, наведува АХВ.

Налага и вработените да ги почитуваат општите препорачани мерки за одржување повисоко ниво на лична и општа хигиена (често миење на рацете, приборот и опремата за работа).

-Во случај на потреба од администартивна работа потпишувањето на хартиените докумени да се спроведува исклучиво преку едно одредено лице кое носи лична заштитна опрема на себе (заштита маска и ракавици). Да не се одржуваат состаноци/колегиуми, туку да се спроведуваат по телефон или по пат на електронска комуникација. По завршување на работниот процес да се спроведе темелно механичко чистење и дезинфекција на сите простории во објектот. Во случај на непосреден контакт со позитивен лабораториски потврден случај на КОВИД-19 (со или без симптоми), лицето веднаш се изолира и да се пријави до надлежниот Центар за јавно здравје, потенцира АХВ.

Препораките се испратени до операторите со храна, до членките на Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори и Стопанската комора на северозападна Македонија. мч/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси

Стојаноски: Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ постигна историски договор со најниска каматна стапка за стопанството

Денови на финансиска писменост – 24info.mk