Утрински Весник
Македонија

Цвеќарите пред колапс, бараат помош од Владата

Цвеќарите пред колапс, бараат помош од Владата

Скопје, 31 март 2020 (МИА) – Производителите на сезонско (саксиско) и режано цвеќе бараат помош од Владата. Ако државата не интервенира, велат, нивниот сектор ќе банкротира и целосно ќе колабира.

Тие веќе ги книжат загубите. Како што апелираат, поради состојбата со коронавирусот пласман на производството воопшто не можат да реализираат. Продажбата е целосно запрена.

Предупредуваат и дека фирмите од дејноста се приморани да ставаат клуч на врата, како и дека стотици вработени ќе бидат отпуштени. Дополнително, во прашање ќе биде доведена и егзистенцијата на сезонските работници во струмичкиот регион.

-Од средина на март нашето производство е подготвено за продажба, но поради состојбата во која се наоѓаат земјава и регионот, пласман воопшто не е возможен. Приморани сме нашето сезонско цвеке да го уништиме, фрлиме. Нашата гранка спаѓа во интензивно земјоделско производство што подразбира големи трошоци и расходи по единица површина (скапи репроматријали, греење, ѓубрење/заштитни сретства, работна сила). Веќе ги трпиме првите штети, а развојот на ситуацијата е крајно неповолен и неминовно води кон зголемување на загубите во сé поголем обем. Имаме вработено и стручни лица, обучени работници, кои поради состојбата не ќе можеме да ги задржиме, алармираат членовите на Постојана потсекторска група за цвеке и украсни дрва (ППГЦУД).

ППГЦУД испрати и официјално писмо за помош до Владата, но и барање до Министерството за земјоделство. Очекува итна реакција и донесување сет конкретни мерки по примерот на другите сектори.

-Би побарале владиниот Кризен штаб да не стави во листата економски оператори кои се длабоко погодени од кризата со коронавирусот и да ни пружи економска помош и поддршка на сите можни начини и мерки кои и се на располагање или би се донеле во иднина, наведуваат од Постојаната потсекторска група. мч/са/ 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија

Нема да се гради асфалтна база во Визбегово, вели Меџити

Каранфилова – Пановска: Се надевам дека мојот ангажман ќе биде од голема помош