Утрински Весник
Македонија

Филипче: Линеарниот раст на заболени охрабрува, со ваков тренд здравствениот систем ќе може да се справи со коронавирусот

Филипче: Линеарниот раст на заболени охрабрува, со ваков тренд здравствениот систем ќе може да се справи со коронавирусот

Скопје, 31 март 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче на својот официјален фејсбук профил наведе дека иако е сѐ уште рано било што да заклучуваме, линеарниот раст на заболени во последните 15 дена охрабрува, и посочи оти бројот на заболени е приближно еднаков секој ден.

– Ова беше нашата цел од самиот почеток, со ваков тренд нашиот здравствен систем ќе може да ги опслужи граѓаните и добро да се справи со коронавирусот, пишува Филипче на ФБ.

Додава дека пикот на епидемијата допрва доаѓа и сега, како што наведува, потребно е сите да останеме дисциплинирани и да ги следиме без исклучок мерките и препораките. мс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец

Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени „форд“ и „мицубиши“

Дронови го исцртаа ликот на Делчев на небото за 23 Октомври