Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Власта наместо да работи на решавање на проблемите, се занимава со малверзации

ВМРО-ДПМНЕ: Заев треба да се одмори и тоа по можност на подолго време

Скопје, 31 март 2020

Македонија е пред колапс и на економски и на здравствен план, доколку продолжи неодговорното и коруптивно однесување на власта на СДСМ.

За само три години неспособноста и арамилукот на Заев и неговата криминална банда ја донесоа државата пред банкрот.

Македонската држава се наоѓа пред најсериозниот предизвик во изминатите 30 години, светска пандемија, вонредна состојба и економија која тоне.

Македонските граѓани се оставени на милост и на немилост на суетата, политиканството и неспособноста на Заев и СДСМ. Илјадници граѓани се оставени без парче леб и без основен извор на егзистенција. Македонските компании со кои се гордеевме сега се пред згаснување.

Истовремено власта наместо да работи на решавање на проблемите на граѓаните се занимава со тендери и малверзации со единствена цел профитирање од маката на обичниот граѓанин.

Однесување на СДСМ изминатите два месеци е срамно, дупката во буџетот кој според Заев и Ангеловска до пред некој месец беше во одлична кондиција сега изнесува 2,2 милијарди евра.

Економијата која наводно блескаше сега е пред колапс. Граѓаните се преплашени од фактот што Владата на СДСМ не нуди никакво излезно решение од оваа незавидна позиција.

Во овие моменти не смее да се мисли на ситно профитерство. Функционерите на СДСМ не смеат да се фокусираат на провизии од летови или превоз на македонските граѓани од странство. Не смее приоритет да биде провизијата за респираторите. Македонија и граѓаните заслужуваат многу повеќе и многу поискрен ангажман од избраните и именувани функционери.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт