Утрински Весник
Македонија

Статистиката на денот за бројот на новозаболени од денеска ќе се соопштува до 15 часот

Статистиката на денот за бројот на новозаболени од денеска ќе се соопштува до 15 часот

Скопје, 31 март 2020 (МИА) – Институтот за јавно здравје од денеска ќе ја доставува статистиката на денот за бројот на новозаболени до 15 часот, по што Министерството за здравство ќе испрати информација до медиумите.

Од Министерството за здравство информираат дека е зголемен обемот на работа и информации и е сè поголем бројот на тестирања во повеќе лаборатории кои ги доставуваат своите извештаи до ИЈЗ.

-Правиме огромни напори навремено, транспарентно и точно да ја известуваме јавноста и да комуницираме со медиумите. Во овие моменти е неопходно е да имаме точни, проверени и прецизни податоци и за таа цел го поместуваме времето за известување. Прес-конференциите остануваат да се одвиваат на редовна основа за сите дополнителни информации и прашања од страна на медиумите. Нашата служба за Односи со јавност е максимално посветена да одговори на секое прашање во најкус можен рок и тоа ќе продолжи да го прави и во иднина, посочуваат од Министерството за здравство.

Од Министерството замолуваат за разбирање доколку во одреден момент недоволно брзо одговори и дека тоа е најчесто така затоа што службите во здравствените институции кои треба да ги дадат информациите се преоптоварени со своите активности и не можат со очекуваната брзина да ги достават бараните информации. рп/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

УХМР: Од петок студен бран во Македонија – се очекуваат поројни дождови

Уште еден земјотрес ја стресе Македонија

Исчезната е Владанка Спиковска од Скопје – доколку некој ја види веднаш пријавете