Утрински Весник
Македонија

Општина Градско доби донација од 150 пакети со храна кои беа поделени на социјално загрозени семејства

Општина Градско доби донација од 150 пакети со храна кои беа поделени на социјално загрозени семејства

Велес, 30 март 2020 (МИА) – Сто и педесет пакети со храна донираше за Градско, бизнисменот од општината, Сеад Реч, кој работи во Германија. Пакетите во соработка со Центарот за социјална работа, беа доделени на 150 социјално загрозени семејства.

Претходно, градоначалникот на општина Градско, Роберт Бешовски на денешната седница  на Општинскиот кризен штаб, упати апел за донирање на храна и друга помош го упати .

Како што појасни Бешовски апелот го упатил до сите општествено одговорни компании, правни и физички лица за донирање на финансиска помош или донирање на неготвена храна (конзервирана, пакувана со подолг рок на траење) на социјално најранливите категории и лица кои ја изгубиле својата работа како последица на настанатата ситуација со коронавирусот.

Воедно најави дека Општината утре ќе ја објави жиро сметката на која ќе може да се уплаќа финансиската помош.

Тој информира дека Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“ во Градско е одреден за пункт за собирање на донираните продукти. ад/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер