Утрински Весник
Македонија

Општина Градско доби донација од 150 пакети со храна кои беа поделени на социјално загрозени семејства

Општина Градско доби донација од 150 пакети со храна кои беа поделени на социјално загрозени семејства

Велес, 30 март 2020 (МИА) – Прв на апелот на Општина Градско  за донирање на финансиска помош или неготвена храна се јави  Сеад Реч, кој денеска  донира 150 пакети со храна, кои во соработка со Центарот за социјална работа беа доделени на 150 социјално загрозени семејства.

Ова уследи откако  градоначалникот Роберт Бешовски апелот за донирање на храна и друга помош го упати на денешната седница  на Општинскиот кризен штаб.

Како што појасни Бешовски,  апелот го упатил  до сите општествено одговорни компании, правни и физички лица за донирање на финансиска помош или донирање на неготвена храна (конзервирана, пакована со подолг рок на траење) на социјално најранливите категории и лица којшто ја изгубиле својата работа како последица на настанатата ситуација со коронавирусот (Ковид-19).

Воедно најави дека Општината  утре ќе ја објави жиро сметката на која ќе може да се уплаќа финансиската помош.

Тој информира дека  Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“ во Градско  е одреден за пункт за собирање на донираните продукти. ад/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Обвинителство: Има материјални докази дека Палчо е сторител на двојното убиство

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност