Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Огромен дел од граѓани предлагаат идеи за подобро здравје и спас од економската криза, се бара итни мерки од Владата

ВМРО-ДПМНЕ ги утврдува листите на кандидати за пратеници

Скопје, 30 март 2020

Во рамките на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за комуникација со граѓаните “вашите проблеми, заеднички решенија-ја сакам Македонија”, до нашата партија пристигнаа десетици сугестии, предлози и проблеми со кој се соочуваат граѓаните.

Во делот на здравствената заштита ви пренесуваме дел од сугестиите кои пристигнаа во изминатите 24 часа:

Граѓанин посочува сведоштво за недоволна заштита на вработените во итната брза помош, која во овие моменти е на првата линија во заштитата на здравјето на граѓаните. Тој посочува дека ги нема потребните скафандeри за работа, но и има хроничен недостаток на медицински маски.

Други граѓани посочуваат на штетноста на предлогот за кратење на платите во администрацијата на 14 500 денари, давајќи решение да се направи државно кратење на овластувањата и платите на функционирите на власта.

Граѓанин од Дебар алармира за недостаток на медицински маски и дезинфекциони средства во градот.

Друг граѓанин од Скопје посочува на предлог за карантин да се користат капацитетите кои се надвор од населените места:”Планинарските домови,караулите,и сите други сместувачки капацитети, што се далеку од населените места,да се пренаменат во простори за карантин и самоизолација.Каде само војската и полицијата би имала пристап до таму.”стои во реакцијата испратена во рамките на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ.

Во делот на економијата:

Постои сериозно незадоволство помеѓу сопствениците на бизниси, кои алармираат за брза реакција на владата. Во една од реакциите на сопственик на таков бизнис стои ”аплеираме за помош во исплатата на платите на вработените

(придонеси и плата) – никој не заслужува во оваа ситуација да остане без личен месечен надоместок, но најважно да не остане без здравствено осигурување. Како сопственици не бараме средства за себе, бараме помош за исплата на платите на вработените лица во институциите и помош да можеме да ги одржиме институциите во потребна финансиска кондиција како би можеле нормално да продолжиме да функционираме по завршувањето на ова криза” стои во реакцијата која пристигна до нас.

Ова се само мал дел од пристигнатите проблеми, предлози и сугестии од граѓаните. Стручните тимови на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги разгледаат истите и за кус период тие за оние за кои ќе биде оценето дека се оддржливи во форма на предлози ќе бидат изнесени во јавноста, како и до владата и соодветните институции.

Огромен дел од граѓани предлагаат идеи за подобро здравје и спас од економската криза, се бара итни мерки од владата

Ги повикуваме граѓаните предлозите и сугестиите да продолжат да ги проследуваат по пат на електронска пошта до zaednicki.resenija@vmro-dpmne.org.mk .

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со овој начин на комуникација и нудење на заеднички решенија, затоа што ја сакаме Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт