Утрински Весник
Македонија

Филипче: Пикот на коронавирусот во државава на крајот на април

Две лица починале од Ковид-19, 16 нови случаи, вкупната бројка на заболени 257 лица

Скопје, 30 март 2020 (МИА) – Пикот на коронавирусот во државава го очекуваме за еден месец, на крајот на април. Тоа се проценките на епидемиолозите согласно типот на раст на број на пациенти, но и согласно мерките што беа воведени во изминатиот период, пред се во рестрикциите на движење, во ограничувањето на социјалните контакти, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочи дека досега спроведените мерки се сосема доволни и дека полицискиот час, целосното ограничување на движењето, ограничувањето на движењето на повозрасните лица на возраст над 67 години и нивното немешање со лицата на возраст до 18 години е нешто што очекуваат да даде резултат.

– Искрено се надеваме дека овие мерки практично ќе дадат резултат во смисла на тоа и во периодот што следи да немаме експоненцијално зголемување на бројот на пациенти, туку линеарно и после понатаму тој број да се намалува, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата. рп/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трајановски: Делницата од Врбјани до Охрид, со прекин кај Ботун, ќе биде пуштена во употреба до 11 или 12 јули

На Богородица и Табановце од македонска страна се чека околу еден час

Мицкоски: Успеавме да го амортизираме ударот кој што некој од политичарите во Брисел сакаше да го нанесе врз македонскиот идентитет