Утрински Весник
Македонија

Кумановскиот градоначалник оствари средба со дел од бизнис заедницата

Кумановскиот градоначалник оствари средба со дел од бизнис заедницата

Куманово, 30 март 2020 (МИА) – Кумановскиот градоачалник Максим Димитриевски, денеска оствари средба со Здружението на стопанственици на микро и мали претпријатија и од Здружението на чевларски работици на која претставниците на бизнис заедницата ги презентирале нивните предлог мерки за помош на стопанството кое е засегнато од вонредната состојба од ширењето на коронавирусот.

-Општина Куманово ќе направи се во рамките на своите можности и надлежности да излезе во пресрет на барањата, но првенствено ќе даде приоритет на постоечката вонредна состојба и борбата со корона вирусот, со цел побрзо надминување на кризата и заштита на граѓаните, информираат од општината.

Во најкус можен рок ќе биде остварена средба со претставници од Владата на Република Северна Македонија, на која ќе се презентираат ставовите на кумановското стопанство, како и сите идеи, со цел намалување на загубите на стопанствениците, кои реално ги трпат. ам/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

За шест дена наплатeни 8,5 милиони денари од странците преку „Безбеден град“

ЛДП: Државниот долг секојдневно расте, а сметките за граѓаните стануваат сѐ поскапи

Македонија и Србија се поврзуваат со гасовод – утре официјален старт на проектот