Утрински Весник
Спорт

Коронавирусот ја намали вредноста на екипите од најдобрите 5 првенства за скоро 30 проценти

Интер противник на Наполи во полуфиналето на Купот на Италија

Милано, 30 март 2020 (МИА) – Пандемијата на коронавирус ја погоди фудбалската индустрија доста сериозно, а трендот се очекува да продолжи.

Фудбалската опсерваторија ЦИЕС ги проценува разликите во идните вредности на играчите во случај да не се играат повеќе натпревари и договорите да не се обновуваат до крајот на јуни. Така, вкупната трансферна вредност на играчите од најдобрите 5 големи првенства е намалена за 28 проценти: од 32,7 милијарди на 23,4 милијарди евра. Големината на падот варира во зависност од различни фактори, како што се возраста на играчот, должината на договорот, траекторијата на кариерата и неговиот последен настап пред паузата.

Најголема загуба во релативна смисла се однесува на постарите играчи со релативно кратки договори и кои играа помалку оваа сезона отколку во претходната. Но ова нема да ги одмине и големите играчи. Пример, проценетата вредност на Пол Погба ќе падне за скоро половина од 65 милиони до 35 милиони евра.

Најголема потенцијална загуба во процент е измерена за францускиот тим Олимпик (Марсеј): ​​минус 38 проценти. Втор најоштетен тим е Интер (Милано), чие намалување на трансферната вредност опадна за 35,7 проценти. Следат Верона (Италија) со 34,3 проценти, СПАЛ со 34,2 и Шефилд Јунајтед со 33,2.

Спротивно на тоа – најмалку забележителна загуба е регистрирана за друг француски тим – Брест, само минус 16%. Понив следи Лече заради ниската цена за стекнување фудбалери и шпанската Мајорка.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство