Утрински Весник
Македонија

Хирургот Горан Балески, нов директор на Општата болница во Охрид

Немало гинеколошки компликации кај починатата родилка од Охрид

Скопје, 30 март 2020 (МИА) – За нов директор на Општата болница во Охрид е назначен хирургот Горан Балески, соопшти на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој и се заблагодари на досегашната директорка Славица Малеска Стојадиновиќ, која беше разрешена, поради тоа што на Инфективното одделение во болницата не била хоспитализирана 66-годишна пациентка од Струга, која потоа почина од коронавирус.

– Денеска завршува инспекцијата од Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со третманот на пациентката од околината на Струга. Денеска заврши увидот на лице место, но се анализираат документи од матичниот лекар, од болницата, интервјуата со докторите. Нашите сознанија се дека има одредени пропусти во целокупниот процес, но ќе почекаме тоа да се финализира, за да донесеме официјален став после заклучокот на работата на ДСЗИ, додаде Филипче. рп/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Три лица од Турција нападнати кај кањонот Матка

Неделков од СОНК: Изјавата на министерката Јаневска за платите не е договорена со нас

Кривична пријава за кумановец, прободел колега заради ваучери за казино