Крива Паланка, 30 март 2020 (МИА) – Општина Крива Паланка во координација со општинскиот кризен штаб денес го постави првиот пункт за дезинфекција на моторни возила кои влегуваат во општината.
-Денеска заедно со стручни лица веќе го поставивме првиот пункт за дезинфекција на моторни возила кој е лоциран на влезот на градот кај клучката со магистралнито пат А2, кај станицата за технички преглед. Во текот на утрешнито ден ќе бидат поставени и другите два пункта, на останатите влезови во градот. Со ова, обезбеден е уште еден вид заштита на граѓаните кои патуваат во соседните општини или во местата надвор од градот, но и на сите кои влегуваат и излегуваат од Крива Паланка поради своите обврски, изјави градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.
Апелираше граѓаните кои патуваат со моторни возила, задолжително, покрај дезинфекција на овие пунктови, да вршат и самите редовна дезинфекција на сопствените возила, но да се дезинфицираат и работните места.
-Општина Крива Паланка преку посебно издаден протокол за начин на однесување на работното место ги превзема сите мерки за превенција од КОВИД-19 на службениците и административните работници вработени во институците на локално ниво и конкретно, во општинската администрација во општината. Апелирам уште еднаш до сите граѓани, да не се создава никаква паника, ниту да се прават залихи од лекови или храна, како и дезинфекциски средства, туку секојдневно, доследно да се слушаат и почитуваат препораките на Владата и Министерството за здравство, додаде Мицевски.