Утрински Весник
Македонија

Автоматски апарати за дезинфекција на возилата кои влегуваат во Прилеп

Автоматски апарати за дезинфекција на возилата кои влегуваат во Прилеп
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Прилеп, 30 март 2020 (МИА) – Автоматски апарати за дезинфекција на возилата кои влегуваат во Прилеп денеска се ставени на влезовите во градот. Ова е за интензивирање на мерките за справување со коронавирусот и за заштита на здравјето на граѓаните, одлучија прилепскиот кризен штаб и локалната самоуправа. Автоматските прскалки кои се поставени на сите четир влезови во градот, користат специјално дезинфекциско средство и работат на принципот на активирање на сензор.

Истовремено, продолжува дезинфекцијата на влезовите во зградите и на сите населби во градот. Со цистерни на територијалната противпожарна единица денска без дезинфицирани улиците во населбата Варош. Во акцијата беше вклучено и возило на ЈКП „Водовод и канализација“, кое вршеше дезинфекција на потесните улици во населбата, во кои поголемите возила и цистерни немаат пристап.

Денеска се дезинифицираа и улиците во населените места Големо и Мало Коњари, Кадино село, Галичани, Беровци и Алинци. Дезинфекцијата е со механизација на месното население, а дезинфекционите средства ги обезбеди прилепската локална смаоуправа.

Прилепскиот кризен штаб и градските власти уште еднаш апелираат до граѓаните да останат дома, да го почитуваат полицискиот час, како и препораките на Владата и на Министерството за здравство. ем/сст/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Магла на патните правци Дебар – Струга, Куманово – Крива Паланка и Велес – Катланово

СДСМ: ДПМНЕ пак дели тендери, фирмата на Нефи дел од колачот вреден 3 милиони евра

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника