Утрински Весник
Политички Партии

Глас за Македонија: Политичките партии веднаш да се откажат од парите за 2020 година 

Глас за Македонија бара масовно и бесплатно тестирање на населението за корона вирусот

Скопје, 30 март 2020 

Крајно неодговорно е и себично во овие тешки моменти за државата, партиите да очекуваат цели 4.7 милиони евра за свои потреби од народната каса. Впрочем тоа се наши пари, кои тие во четири очи ги зголемија минатото лето за фантастични 2.5 пати.

Безусловно, да се откажат од парите кои ни се на сите потребни токму сега, за справување со невидената криза каква има еднаш во столетието.

Со тие пари може да се изгради и опреми монтажна болница со 1000 кревети, каква може да затреба многу бргу, можат да се набават над 50.000 тестови за корона вирусот и да се снабдат аптеките со потребните заштитни средства.

Впрочем, Глас за Македонија смета дека ова е клучниот момент еднаш да се прекине со народниот грабеж кога станува збор за партиското финансирање. Нека ги затворат сите непотребни и во 99% преку целата година затворени дуќанчиња, кои изигруваат месни, општински, маалски, улични и какви се не комитети и одбори. Каде го има ова? Сите тие дуќанчиња ги плаќаат граѓаните.

Нека покажат на дело цивилизирано однесување. Во ниту една развиена земја, партиите не тонат во луксуз, несразмерно на националната економија.

Тие кои најмногу добиваа со децении, треба први да дадат пример. И нека не мислат дека во моменти на борба за секој живот, некој утре од сентимент ќе гласа за партија која себично скусила од болните.

Сега е срамно да се поставуваат било какви услови. Безусловно да се откажат од НАШИТЕ пари, ВЕДНАШ! За пример!

Ги очекуваме и сите други мерки кои ќе одат во насока на намалување на платите на функционерите и државниот апарат, на сметка на приватните, мали, семејни фирми кои се најпогодени во кризата.

Солза Грчева, претседател на партијата Глас за Македонија

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт