Куманово, 30 март 2020 (МИА) – Општинскиот кризен штаб на Куманово на денешната седница им препорача на банките и поштите при исплата на пензиите и при давање други услуги да воведат ред во и надвор од објектите, согласно препораките на Владата, со тоа што растојанието меѓу граѓаните да биде најмалку два метра.
– Препорака до сите јавни институции – банките и пошти при исплата на пензиите и други услуги кон клиентите и сите даватели на јавни услуги на граѓаните да воведат ред во самите институции и надвор од нив, согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија за држење на растојание помеѓу граѓаните на најмалку два метра, се вели во соопштението на општинскито кризен штаб.
Претходно, локалниот социјалниот совет од Општина Куманово почна со акција за собирање хуманитарни пакети за социјално загрозените семејства во градот. Оттаму повикуваат субјектите кои сакаат да помогнат да се јават на броевите:075/ 209- 638 и 070/ 973- 430.ам/фф/