Утрински Весник
Македонија

Градежните активности во Општина Битола се реализираат континуирано

Градежните активности во Општина Битола се реализираат континуирано

Битола, 30 март 2020 (МИА) – Општина Битола продолжува со соодветна динамика да ги реализира градежните активности врз проектите утврдени со програма на тамошната локална самоуправа.

Од секторот за односи со јавност посочуваат дека освен секојдневната борба против коронавирусот, општината продолжува со инфраструктурните зафати на повеќе локации во градот.

-Проектите се реализираат согласно предвидената динамика со препораките за работа во овој период. Во моментов се работи на Градскиот стадион во просторот под трибините, инфраструктурни активности се изведуваат на првата делница на улицата „Илинденска“, каде што е завршена фекалната канализација, а се работи на водоводната мрежа. Во тек се и градежни активности на улицата „13 Јули“ каде се врши изградба на коловоз и се поставува улично осветлување, а денеска се врши и обележување на спортското игралиште во ОУ „Кирил и Методиј“, посочуваат од Општина Битола.

Градежни активности се вршат и за проекти во руралните средини, односно во селото Бистрица каде се реконструира паркот и Меморијалниот споменик од НОБ, а градежни работи се изведуваат и на локалниот пат за село Маловишта.

-Јавните претпријатија продолжуваат со тековните активности согласно програма, а по најавите за студен бран ЈП „Нискоградба“ ја подготвува својата механизацијата за евентуални временски непогоди, информираат од Општина Битола. мт/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Фото) Целиот состав на новиот Централен одбор на СДСМ

Трпезата за Нова година ќе биде поевтина? Се подготвува празнична потрошувачка со над 500 производи

КАКО ДА СМЕ ЈАНУАРИ, А НЕ НОЕМВРИ: Рано утринава во Македонија измерени дури -12 степени!