Утрински Весник
Македонија

Регистрирани 26 нови случаи на коронавирус, еден починат и девет пациенти излекувани

Вкупно 26 заболени од коронавирусот, тројцата новопотврдени се од Скопје (ДПЛ)

Скопје, 30 март 2020 (МИА) – Изутрината се регистрирани 26 нови случаи на коронавирус во земјата, вкупно 285 дијагностицирани пациенти. Почина еден пациент, а девет пациенти се излекувани и испишани од болничко лекување, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

-Утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент на 79 години, од Дебар. Пациентот е дијагностициран позитивен на Ковид-19 на 23 март, а со влошена здравствена состојба хоспитализиран на клиниката во Скопје на 25 март, напиша Филипче.

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се испишани девет пациенти (осум од Дебар и еден од Скопје) кои на два контролни теста на КОВИД-19 имаа негативен резултат. Нивната здравствена состојба е добра и тие заминаа дома.

-Во изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на коронавирус во земјата. Целосен преглед за состојбата по градови ќе испратиме дополнително бидејќи дел од потврдените се со работа во Скопје, но место на живеење во друг град, а анкетите се се уште во тек. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во земјата денеска до 12:00 часот изнесува 285 лица, напиша министерот Филипче на ФБ. дма/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски, ако имаш докази повели објави ги

ВИДЕО: Нов голем пожар кај Македонски Брод, изгорени се и куќи

Вицепремиерот Стоиљковиќ за средбата Мицкоски-Курти: Приштинските власти континуирано вршат терор врз Србите