Утрински Весник
Македонија

Кризен штаб: Во Гостиварско нема новозаболени, состојбата под контрола

Кризен штаб: Во Гостиварско нема новозаболени, состојбата под контрола

Гостивар, 30 март 2020 (МИА) – Во гостиварскиот регион нема нови случаи на заболени од Ковид – 19, а состојбата во трите општини е под контрола, ваква е оценката на Кризниот штаб во кој покрај претстаавници на институциите, членуваат и градоначалниците на општините Маврово-Ростуше, Врапчиште и Гостивар.

Од почетокот на воведувањето на мерките во Гостивар се тестирани  вкупно 31 лице од кои само едно се покажало позитивно на вирусот. На пациентката денеска и завршува лечењето и по проверките таа ќе биде испишана од инфективното одделение. Во соседните општини нема регистриран случај на заболен. Во Маврово Ростуше во изолација се наоѓаат 135 лица, а во Врапчиште 76. Со истекување на пропишаниот рок за изолација на повеќе лица, во Гостивар до синоќа под полициски надзор се 135 лица.

Според најавите од полицијата, во Маврово во хотелот „Алпина“ се очекува да бидат примени уште 61 граѓанин кои треба да допатуваат во Македонија. Со ова бројката на лица во државните карантини во Маврово ќе достигне 196.

Во текот на изминатото деноноќие забраните за движење не ги почитувале девет лица, а вкупно од воведувањето на мерките приведени се 29. До надлежното обвинителство, поднесени се 20 кривични пријави. Државниот пазарен инспекторат затворил по 130 извршени контроли, затворил 14 угостителски објекти.

По состанокот на кризниот штаб, беше најавено дека мерките за заштита и дезинфекција на територијата на трите општини и натаму ќе се спроведуваат, а поединците и компаниите кои сакаат да донираат храна и други продукти, тоа да го прават во координација со општинскиот Црвен Крст.згм/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме