Скопје, 30 март 2020 (МИА) – Многу е важно да знаат граѓаните дека од пакетот економски мерки за справување со кризата, прво се испорачаа големиот пакет од 200 милиони евра за поддршка на работниците, на стопанството и фирмите, напиша на својот фејсбук профил, претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Тој посочува дека како и другите политички партии, така и СДСМ дала предлози до Владата со цел справување со кризата во државата.
-Мерките имаат за цел да ги задржат работниците на работа и да им обезбедат минимум приход, како и за санација на буџетот, за да може да ги финансира основните функции на државата и за социјалните придонеси, напиша на Фејсбук Заев. дма/са/