Утрински Весник
Македонија

Странец во Тетово се движел за време на полициски час

Странец во Тетово се движел за време на полициски час

Тетово, 30 март 2020 (МИА) – Странски државјанин е откриен на улица на подрачјето на Тетово, за време на полицискиот час, инфомираат од СВР Тетово. Според тетовска полиција се работи за 43-годишник од Република Албанија, а покрај него најдени се уште три лица како го прекршуваат ограничувањето на движењето низ Тетово.

-Во периодот 29/30 март од 7 до 7 часот, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово, четири лица ја прекршиле одлуката за ограничено движење. Сите се лишени од слобода и задржани за целосно расчистување и документирање на случаите, по што ќе им се изготват соодветни поднесоци по член 206 од Кривичниот законик, соопшти Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Од воведувањето на полицискиот час во Тетовско регистрирани се вкупни 56 случаи на прекршување ограничувањето на движењето. ас/оџ/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Од утре тим специјалисти ќе ја утврдува состојбата на секој пациент од пожарот во Кочани и потребата од натамошна рехабилитација и помагала

На аџилак заминуваат 2020 муслимански верници од нашата земја – Највозрасниот 80, најмладиот 10-годишен

Поднесена кривична пријава против градоначалникот на општина Крива Паланка