Утрински Весник
Македонија

На штипското Инфективно одделение се лекува еден пациент со Ковид 19

На штипското Инфективно одделение се лекува еден пациент со Ковид 19

Штип, 30 март 2020 (МИА) – Еден пациент кој е позитивен на корона вирус е сместен на Инфективното одделение во штипската Клиничка болница.

Директорот на болницата, Ален Ѓеорѓијев вели дека станува збор за маж кој неколку дена е хоспитализиран бидејќи бил со покачена телесна температура и кашлица.Во текот на вчерашниот ден неговите резултатите се пристигнати и е потврден корона вирусот. Тој е првиот пациент со Ковид 19, кој се лекува на Инфективното одделение.

Овој пациент кој е со средна клиничка слика го формира новиот и тоа трет кластер. Според епидемиолошката анкета ова лице нема поврзаност ниту со првиот, ниту со вториот кластер во Штип. Посочил и дека нема излегувано надвор од државата.

Бројката на позитивни со корона вирус од вчера е вкупно 14, од кои десет лица се од првиот кластер, кој е поврзан со првиот и најмладиот пациент во Штип, четиригодишното девојче, кое пристигна од Англија, вториот кластер се повозрасните сопружници и нивниот внук, кои беа на скијање во Копаоник и третиот кластер е мажот кој е сместен на Инфективното Одделение. вдј/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина