Утрински Весник
Македонија

Нухиу: Заразени пет вработени во МВР, реален ризик од коронавирус во Полициската станица Петровец

Нухиу: Заразени пет вработени во МВР, реален ризик од коронавирус во Полициската станица Петровец

Скопје, 30 март 2020 (МИА) – Заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу на својот фејсбук-профил напиша дека Полициската станица Петровец е во реален ризик од коронавирус.

– Вирусот Ковид-19 почна да напаѓа и во Министерството за внатрешни работи. Потврдено дека имаме позитивни пет вработени во полицијата, додека во Полициската станица Петровец постои реален ризик! Ги повикуваме вработените во полицијата за поголемо внимание во соочувањето со настанатата состојба, објави Нухиу на Фејсбук. хс/са/ 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче за Слободен печат: Потфрлувањето на оваа Влада е во секоја сфера

Жена исчезна во Карпош, семејството бара помош

Левица: Две години МВР со Тошковски не постапува за криминалот со надзорот на Бехтел и Енка