Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Додека цела Влада се занимава со ПР, граѓаните веќе ги чувствуваат последиците од „успесите“ на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: За две и пол години СДСМ ја уназади државата на сите полиња

Скопје, 30 март 2020

Македонија се соочува со економска катаклизма, граѓаните се длабоко загрижени додека СДСМ преку штури соопштенија се фали со своите „успеси“.

Од „успесите“ на СДСМ ја издвојуваме буџетската дупка која од недела во недела е се поголема и поголема. Пред само две недели според Владата на СДСМ на Македонија и беше потребно да се задолжи 700 милиони евра за да се справи со кризата како резултат на пандемијата на корона вирусот. За потоа партискиот шеф на бандата сместена на Илинденска да каже дека во буџетот на Република Македонија недостасуваат 1,2 милиони евра, за потоа повторно да се премисли и да каже дека буџетската дупка изнесува 2,2 милиони евра.

Додека цела Влада се занимава со ПР, граѓаните на Република Македонија веќе ги чувствуваат последиците од „успесите“ на Владата на СДСМ. Нашите сограѓани ги губат работните места, бизнисите на стопанствениците пропаѓаат, граѓаните го губат парчето леб.

Наместо буџет за кој и Заев и Ангеловска тврдеа дека е во одлична кондиција, добивме држава пред банкрот. Македонската економија за неполн месец колабираше, а решение од Владата нема. Целиот регион превзема вонредни мерки за спас на економијата само Владата на СДСМ се занимава со евтин ПР.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт