Утрински Весник
Македонија

Да не се стигматизираат заболените од коронавирусот и оние во карантин

Да не се стигматизираат заболените од коронавирусот и оние во карантин

Скопје, 30 март 2020 (МИА) – Кризите се време кога човечноста е ставена на тест. Ниту заболените од коронавирусот, ниту нашите сограѓани сместени во карантин не треба да бидат стигматизирани. Не смееме да дозволиме, објави на својот профил на Фејсбук синоќа министерот за здравство Венко Филипче.

– Ова е можност да се развиеме како општество, да ги надминеме стигмата и поделбите, да се обединиме во хуманоста и да покажеме дека можеме подобро, потенцира Филипче. ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Акција во ФЗО и „Санте плус“: Сомневања за милионски злоупотреби и оштетени пациенти

ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот

ЛДП: Разоткриена лага за само еден ден! Ветува помалку шалтери, а во заднина спрема масовно пумпање на партиската администрација!