Утрински Весник
Македонија

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ набави нови 35.000 тестови за Ковид 19

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ набави нови 35.000 тестови за Ковид 19

Скопје, 29 март 2020

Клиничката болница„ Аџибадем Систина“ почна да врши тестирање за детекција на присуство накоронавирусот (Ковид – 19) кај населението. Овој серумски тест е рапид тест кој како хроматографски тест се користи за детектирање на антителата IgG- IgM.  Комбинираната употреба на IgG и IgM тестот може ефикасно да детектира присуство на вирусната инфекција или претходен контакт со вирусната инфекција преку имунолошкиот статус на телото. Тестирањето се врши со земање крв, а процесот на тестирање не трае подолго од 10 минути.

Со цел да нема недоразбирање во јавноста во однос на видот на тестот и начинот на кој се врши тестирањето, како и на интерпретацијата на резултатите, кои се должат и на пласирање на непроверени информации во некои од медиумите, во овие моменти кога се соочуваме со сериозна ситуација во која се бориме за здравјето на граѓаните, против еден животозагрозувачки вирус не дозволуваме да се шират шпекулации околу употребата и веродостојноста на тестот. Иако сите референци на тестот вклучувајќи ја и неговата релевантност и упатството се транспарентно објавени со цел да нема простор за шпекулации во јавноста, уште еднаш ќе ги појасниме деталите за истиот.

IgG- IgM Rapid Test – е серумски тест кој го користи „Аџибадем Систина“ и го утврдува  присуството на две антитела, при што IgG покажува дека пациентот бил во контакт со вирусот, веќе изградил имунитет и не е заболен, додека присуството на IgM  укажува дека пациентот е инфициран и веројатно заразен од вирусот Ковид -19.

До денеска од сите тестирани пациенти во КБ „Аџибадем Систина“ позитивни беа резултатите за 11 пациенти. Сите позитивни се пријавени во Институт за јавно здравје, согласно пропишана постапка за понатамошно постапување.

Серумските тестови кои Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ги набави од холандска фирма се користат за масовен скрининг на населението, нешто што е една од клучните препораки на здравствените организации со цел рана детекција на вирусот кај населението и спречување на неговото ширење. Акција за масовен скрининг на населението како мерка најави и Министерството за здравство, а  со цел да се детектираат групите на луѓе кои во моментот може да се во фаза на инкубација, а не се свесни за тоа. Целта на ваквиот тип на тестирање, како што тврди Гебрејесус, директорот на Светската здравствена организација е со раното откривање на заразените да се прекине синџирот на пренесување што претставува најефикасниот начин да се спречи инфекцијата и да се спасат животи.

Во текот на вчерашниот ден болницата ја посети Комисија од Министерството за здравство со цел да се изврши увид во капацитетите на болницата во делот на тестирањето и со серумските и со молекуларни тестови за Ковид 19, при што беше констатирано дека „Аџибадем Систина“ и од аспект на медицински персонал и опрема ги исполнува условите за безбедно и сигурно извршување на двата вида на тестови, по утврдената постапка.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска потврди дека увидот во болницата завршил, врз основа на што ќе се прави план за искористување на капацитети за тестирање и во лабораторијата на „Аџибадем Систина“.

Сакаме да ја известиме јавноста и декапокрај првично набавените 15.000 тестови, извршена е набавка и на уште 35.000 нови тестови.  Со тоа, сакаме да помогнеме нашата земја да ја спроведе стратегијата на што помасовно тестирање на населението, како еден од најефикасните методи во борбата против оваа болест, метода што нагласено ја препорачува и Светската здравствена организација.

Инаку, овој тип на тестови за масовен скрининг активно се користат во САД, Велика Британија, Италија, Норвешка, Канада, Шпанија, Нов Зеланд, Брунеи, Обединети Арапски Емирати,Индонезија, Бразил и Романија. Со вакви брзи тестови, како единствено разумно моментално решение, бидејќи како и сите земји зафатени од пандемијата се во трка со времето започнаа и Бугарија и Србија.

FDA (Food and drug administration) Американската Асоцијација за примена на храна и лекови ги одобри овие брзи тестови сигнализирајќи дека федералните регулатори се целосно задоволни со податоците за резултатите на тестот и веруваат дека придобивките на истиот ги надминува сите ризици, со правилно толкување на лажно позитивните или лажно негативните резултати.

Покрај овие серумски тестови, Клиничката болница Аџибадем Систина го работи и молекуларниот тест ViroReal Kit SARS- CoV-2 & SARS кој се користи за клиничка употреба во болницата, односно, за тестирање на пациенти кои се третираат во болницата, а се суспектни на вирусот Ковид-19. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ од 2010 година, меѓу останатите дијагностички лабаратории има регистрирано и  лабораторија за молекуларна биологија и цитогенетика, во кои се имплементирани најсовремени протоколи на работење кои ја одржуваат акредитацијата според стандардот MKC EN ISO 15189:2013.

Тоа што вирусот е цело време чекор пред било која од земјите зафатени од пандемијата говори за сериозноста на ситуацијата и нужноста да се применат сите достапни, докажани начини кои може да помогнат при спречување на неговото ширење. Во таа насока Клиничката Болница „Аџибадем Систина“ која веќе ги понуди сите свои ресурси, опрема и кадар на располагање го презема и овој чекор како дополнителна помош што веруваме и се надеваме ќе придонесе за намалување на ширењето на вирусот Ковид-19 во нашата земја.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Следните неколку денови стабилно, па повторно промена и дожд

Молика стара 250 години уништена од силен ветер

Меџити тоа што не може да го блокира, го узурпира, реагира Ирена Витина