Утрински Весник
Македонија

АДИНГ донира материјали за изградба на Мобилната воена болница

АДИНГ донира материјали за изградба на Мобилната воена болница
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

 

Скопје, 29 март 2020 (МИА) – Комплетна изведба на хидроизолациона заштита за објектот „Мобилна воена болница“ на Министерството за здравство во вредност од 15.000 евра денеска донираше компанијата АДИНГ.

Од компанијата информираат дека нивни стручен тим е на терен и во координација со одговорните од Армијата, ги прават сите напори за итно завршување и ставање во функција на овој стратешки значаен објект за државата.

-Известуваме дека на 25 март, АДИНГ времено го промени логото и слоганот „состојка на секоја градба“ кој сега гласи „растојанието е клучна состојка за нашето здравје, се наведува во соопштението на АДИНГ.

Со оваа промена, посочуваат од компанијата, ги поддржуваме сите напори на пошироката заедница и здравствените препораки, како единствен начин да го спречиме ширењето на COVID-19.  бк/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари