Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Потценувачки Локвенец да говори за ароганција

ВМРО-ДПМНЕ: Нема правда без одговорност на највисоките структури на власта

Скопје, 29 март 2020 

Навистина е потценувачки Локвенец да говори за ароганција, тој кој не сакаше да се откаже од огромната плата и да ја донира за хуманитарни цели против борбата со корона вирусот. Пред СДСМ да направи copy-paste на нивните последни 1 000 изјави со ист лажен наратив дека претседателот Мицкоски го слуша Груевски, а во исто време дека државата блескајќи оди со големи чекори напред, ќе ги советуваме да му купат огледало на Заев и сигурни сум дека во него ќе го види најлошото издание на режимот за кој толку многу зборат, а силно го применуваат. Додека се занимаваат со сопствената суета и ароганција, отфрлајќи ја подадената рака за помош од ВМРО ДПМНЕ, државата тоне. Од омразата и личните фрустрации како и од стравот да не бидат засенети ја офрлаат сета помош, а на државата повеќе од кога било и е потребна.

ВМРО-ДПМНЕ вчера даде конкретен предлог како владата да стигне до 1.2 милијарди евра кои се потребни на стопанството. Се работи за фрустрација и ароганција. Ги повикуваме даа се издигнат над сопствената ароганција и да прифстат помош затоа што тоа и треба на Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт