Утрински Весник
Македонија

Филипче на ФБ: Потврдени уште двајца позитивни, денеска вкупно 18 нови случаи на коронавирусот

Филипче на ФБ: Потврдени уште двајца позитивни, денеска вкупно 18 нови случаи на коронавирусот

 

Скопје, 29 март 2020 (МИА) – Во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата, објави министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.

Тој информира дека во текот на прес-конференцијата, Институтот за јавно здравје потврдил уште два позитивни пациенти.

– Така што бројката наместо 16 како што соопштив на прес-конференцијата изнесува точно 18, односно по градови, Штип шест, Скопје и Велес по три, Струга два, Струмица,  Дебар, Тетово и Гевгелија  по еден новодијагностициран, пишува Филипче.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 259 лице. бк/бак/

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

– Скопје – 145
– Дебар – 46
– Куманово – 21
– Штип- 14
– Прилеп – 8
– Велес – 6
– Тетово – 5
– Струга- 5
– Охрид – 3
– Кавадарци – 2
– Гостивар – 1
– Битола – 1
– Гевгелија – 1
– Струмица – 1

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”