Утрински Весник
Македонија

Хронично болните да бидат особено внимателни

Хронично болните да бидат особено внимателни

Скопје, 29 март 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче информира дека лицата со одредени хронични заболувања се во поголем ризик од компликации типични за коронавирусот.

-До нив апелирам да бидат особено внимателни и да ги следат доследно сите препораки за заштита од вирусот, вели министерот за здравство.

Лицата со респираторни заболувања, тешки кардиоваскуларни болести, дијабетес, малигни заболувања се дел од ризичната група.

Листата на ваквите хронични болести е објавена на страната на Министерството за здравство и можете да ја најдете на следниот линк bit.ly/2Up8Fye.  ир/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Панел-дискусија за родова еднаквост и спречување на насилството врз жени и девојчиња

Апасиев со обвинувања за валидноста на дипломата на директорот на АНБ

СДСМ: Полицијата потфрли во превенција на скандалозните настани, Тошковски се уште никаде го нема