Утрински Весник
Македонија

АВМУ ќе донира дополнителни финансиски средства за ТВ Вис

АВМУ ќе донира дополнителни финансиски средства за ТВ Вис

Скопје, 29 март 2020  (МИА) – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе донира финансиски средства на ТВ Канал Вис Струмица со цел да и помогне на телевизијата во санирање на последиците од пожарот кој ја зафати на 25 март, во којшто беа опожарени телевизиското студио и техниката.

Од АВМУ соопштија дека станува збор за доделување дополнителни финансиски средства, покрај оние коишто на 25 март им беа доделени на сите радиодифузери, меѓу кои и на ТВ Канал Вис.

Одлуката за донација, како што информираа, Агенцијата ќе ја донесе на седницата закажана за 2 април 2020 година.

– Се надеваме дека телевизијата набрзо ќе ја надмине оваа состојба и дека и понатаму ќе биде дел од медиумскиот плурализам на регионално ниво, односно дека ќе продолжи со емитување програма и содржини од значење за регионот Д4, којшто опфаќа повеќе населени места, наведоа од АВМУ. см/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Камион пропадна на улицата „Аџи Мустафа“ во Охрид

Автомобил се преврте на автопатот Скопје–Велес, повредени три девојки

Имплементација на пресудите на Европскиот суд за човекови права во фокусот на дебатата во Талин