Утрински Весник
Македонија

Викенд полицискиот час ги испразни улиците во Делчево

Викенд полицискиот час ги испразни улиците во Делчево

Делчево, 28 март 2020 (МИА) – Викенд полицискиот час кој започна од 16 часот и ќе трае до 5:00 часот следното утро ги испразни улиците во Делчево. Времето до почетокот на полицискиот час граѓаните го искористија да купат намирници од поголемите маркети кои на два часа пред почетокот на полицискиот час беа со зголемен број на клиенти.

-Граѓаните го почитуваат пропишаниот ред за влегување во маркетите. Се пуштаат само одреден број купувачи, додека останатите си го чекаат својот ред надвор. Купувањето е стандардно, се купува леб, брашно, сувомеснати производи и тоалетна хартија, но сепак во разумни количини, велат вработени во локалните маркети.
Поради мерките за спречување на заразата од КОВИД-19, градскиот пазар и денес беше затворен, што резултираше Делчево да биде празен град, без вообичаените саботни гужви. Сосем мала раздвиженост имаше единствено во градскиот парк каде поединци во мали групи уживаа во чистиот воздух.
-Ги почитуваме мерките, не сме во големи групи, носиме маски и сме на растојание од два метри, велат посетители на паркот.
Во изминатото деноноќие на територијата на општина Делчево не е забележано прекршување на полицискиот час. Досега од почетокот на вонредната состојба, за прекршоци со непочитување на полицискиот час во Делчево се поднесени две кривични пријави. вс/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје