Утрински Весник
Македонија

Отворени дополнителни линии за психолошка поддршка за родители и деца

Отворени дополнителни линии за психолошка поддршка за родители и деца

Скопје, 28 март 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче на неговиот Фејсбук профил денеска објави дека се отворени дополнителни линии за психолошка поддршка наменети за родители и самите деца на училишна возраст.

– Од огромно значење е сериозно да ги сфатиме нашата и благосостојбата и менталното здравје на нашите деца и да побараме поддршка. Во соработка со УНИЦЕФ и во партнерство со Универзитетската клиника за психијатрија отворени се дополнителни линии за психолошка поддршка наменети за родители и самите деца на училишна возраст, наведе министерот.

Линија за психолошка поддршка за тинејџери и нивните родители – 078/378-729, линија за родители на деца со попреченост – 070/291-574, што функционира од 9:00 до 16:00 часот секој работен ден, и телефонска линија за деца на училишна возраст, родители на деца и предучилишна и училишна возраст – 072/912-676, што работи секој работен ден од 9:00 до 19:00 часот. см/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мојсоска: Добивме повеќе министри за здравство за две години отколку што се изградени клинички центри за 35 години

Приведен двапати во еден ден, прво на Галичка свадба, па на улица во Гостивар

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни