Утрински Весник
Македонија

Општина Карпош организира хуманитарна акција за 30 најранливи домаќинства

Општина Карпош организира хуманитарна акција за 30 најранливи домаќинства
Img 5587

Скопје, 28 март 2020 (МИА) -Општина Карпош организира хуманитарна акција за 30 најранливи домаќинства. Како резултат на кризната ситуација со Ковид – 19, локалната самоуправа ќе обезбеди прехранбени продукти и средства за хигиена за најпогодените.

Активноста ќе се спроведе во соработка со Црвениот крст, чии волонтери ќе ги подготват социјалните пакети, кои ќе бидат набавени со буџетски средства на Општината.

Ss1

– Помагавме за време на природни непогоди на нашите соседни земји, помагаме за лекување на наши сограѓани, а сега треба да се справиме со еден од најсериозните вируси во поновата историја.Ковид – 19 го погоди целото општество.  Но, корона вирусот не обедини сите, во општествена акција, секој да преземе мерки и активности, изјави градоначалникот на Општина Карпош  Стефан Богоев во неговото видео-обраќање.

Тој истакна дека Карпош традиционално организира хуманитарна акција пред велигденските празници. Но, како што нагласи, како резултат на пандемијата со корона вирус и избегнување на директен контакт меѓу граѓаните, при донирање на продукти, оваа година акцијата ќе се реализира на посочениот начин.

– Акцентот ќе биде ставен на социјално – најзагрозените граѓани, кои впрочем се погодени и од корона вирусот, рече Богоев.

Градоначалникот упати апел сите граѓани да се придржуваат до мерките за заштита од корона вирус и да ги почитуваат препораките од надлежните институции.см/ац/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

РСБСП: Внимателно и одговорно возење за време на празниците

Барометар на корупција на Транспаренси Интернешнл-Македонија – „Бистро-Матно“

Мицкоски: Правилото победник со победник е прекршено во 2017 година и тоа не важи, оној кој има 61 пратеник во парламентот ја формира идната влада