Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Економскиот совет одржа втор состанок со цел разгледување на дополнителен пакет мерки за справување со последиците по економијата

Стопанската комора на Македонија бара решенија за зголемување на економската соработка со Словенија
Img 7972

 

Скопје, 28 март 2020 (МИА) – Економскиот совет, кој работи на иницијатива на претседателот на Владата на  Оливер Спасовски, денеска го одржа вториот состанок на кој беше разгледан дополнителниот пакет мерки кој го предлага Владата за справување со последиците по економијата, стопанството и финансискиот сектор од блокадата на реалниот сектор што го предизвика корона вирусот, сооштија од владината прес-служба.

На состанокот учествувале и заменикот на претседателот во Владата задолжен за европски прашања и за координација на меѓународната помош, Бујар Османи, министерката за финансии, Нина Ангеловска, министерот за економија, Крешник Бектеши, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, техничката заменик-министерка за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, како и генералната гувернерка на Народната банка на Република Северна Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска.

– Членовите на економскиот совет, со претставници од стопанството и финансискиот сектор од коронавирусот, во кое учествуваат претставници на Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија (МАНУ), на претставници на универзитетските заедници, на деловната заедница, како и претставници на стопанските комори и на опозицијата, на состанокот ги дадоа своите мислења и понудија дополнителни укажувања, насоките и препораки, како и нови предлози за да се креира ефикасен пакет за да се спречи драматично влијание и штети во економскиот и финансискиот сектор, како и врз стандардот на граѓаните, информираа од владината прес-служба.

Спасовски на крајот од состанокот се заблагодарил за укажувањата, препораките и новите предлози, истакнувајќи дека Владата останува отворена и за дополнителни укажувања до затворањето на пакетот економски мерки кои ќе бидат донесени на една од првите наредни седници.см/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кичевчанец возел со 2,11 промили алкохол во крвта

Паднаа двајца дилери, во автомобилот имале кокаин, вага и пари

25-годишна охриѓанка претепана на работното место од маж кој подолго време ја вознемирувал