Утрински Весник
Македонија

Дука: Тестовите од Дебар да бидат приоритетни при анализата во Скопје, а да се реализираат и барањата за здравствен кадар и апарати

Дука побара да се најде начин за евакуација на граѓаните од другите градови или земји затекнати во Дебар

Дебар, 28 март 2020 (МИА) – Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука,кој раководи со општинскиот оперативен штаб, на денешната редовна прес-конференција, побара тестовите кои се испраќаат од Дебар во Скопје за анализа да се извршуваат што е можно побрзо, со приоритет, бидејќи општините Дебар и Центар Жупа сеуште се региони кои се третираат како кризни подрачја.

Тој исто така апелираше за побрза реализиација на барањата доставени до Владата и Министерството.

-Бараме надлежнте да бидат поекспедитивни во исполнувањето на нашето барање за испраќање еден гиниколог, еден анестезиолог – реаниматор и средномедициски кадар, како и медицински апарати што сме ги побарале. Сметаме дека овие наши барања се минимални и може да се реализираат, бидејќи Дебар е кризно подрачје а тоа бара итна реализација на нашите потреби, посочи Дука.

Безбедносната состојба ја оцени како добра додавајќи дека не се регистрирани прекршувања за време на полицискиот час.

-Исто така лицата кои се во домашна изолација постојано се контролираат од страна на полицијата за да не излегуваат од дома. Бројот на лицата во домашна изолација е намален од 210, колку што беше вчера на 183 лица денеска. На домашно лекување се 27 лица, кои редовно ги посетува медицинска екипа,нагласи Дука.

Информираше дека преку контролните полициски пунктови кај Бошков Мост и кај ХЕ „Глобочица“ во просек дневно влегуваат по 20- 25 возила, кои редовно ги снабдуваат трговските дуќани со прехрамбеи и други продукти,како и аптеките со медикаменти. вт/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа