Утрински Весник
Македонија

Во Пробиштип на социјално ранливите семејства поделени прехрамбени пакети

Во Пробиштип на социјално ранливите семејства поделени прехрамбени пакети

Штип, 28 март 2020 (МИА) – Мобилните тимови на Општина Пробиштип  денеска  поделија 50 пакети со прехрамбени продукти и заштитни маски за социјално загрозените лица и стари и изнемоштени лица во руралните средини, на кои во овој период им е неопходна помош, информираше градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов.

Во следниов период општината ќе спроведе ваква акција и за самохраните родители и лицата со попреченост. Благодарност за компаниите “Булмак – 2016” и “Кит Го” за поддршката во оваа акција.Солидарноста е многу важна во вакви моменти, вели Анастасов.

Тој истакна дека како локална власт се грижат за сите, полесно да се надмине оваа ситуација со справување со коронавирусот. вдј/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Камионот што ја предизвика трагедијата на обиколницата влегол регуларно преку „Блаце“

Томовски: Претседателката веќе не живее во дивоградба – државните вили се легализирани

Томовски: Протекува покривот, канцеларии не се кречени 50 години – следува целосна санација на МРТВ и нови гаража за 500 возила