Утрински Весник
Македонија

Шилегов, Шекеринска и Филипче извршија увид во градежните работи за подигнување на монтажната болница

Шилегов, Шекеринска и Филипче извршија увид во градежните работи за подигнување на монтажната болница
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 28 март 2020 (МИА) – Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, министерот за здравство, Венко Филипче и министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, денеска извршија увид во градежните активности за подигнување на монтажната болница со капацитет до 130 болнички кревети до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, информираат од Град Скопје.

Оттаму обајснуваат дека просторот, со одлична меѓуинституционална соработка бил расчистен во рекорден рок од страна на екипите на Град Скопје, Армијата и нејзината механизација, екипите на ЈП „Улици и патишта“ и инженерите од Проектната единица при Министерството за здравство.

-Со ослободување на просторот од околу 4.000 кавдратни метри создадена е можност за интервентен развој и дополнување на капацитетот на Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби. Ослободената локација до инфективна клиника во моментов има огромна предност заради близината на сите капацитети на клиничкиот центар „Мајка Тереза“, клучните Институти и самата Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, велат од Град Скопје.

Со оглед на состојбата со коронавирусот, Град Скопје го помага Министерството за здравство, со реализација на низа градежни и инфраструктруни активности во кругот на Клинички центар Мајка Тереза.

-Покрај активностите за расчистување и уредување на просторот до инфективна клиника, се прошири влезот во клиничкиот центар и се отвори траса за интервенти возила до ургентниот центар, како и посебен влез кон инфективната клиника, информираат од локалната самоуправа на главниот град. ир/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство

Магла на патните правци Дебар – Струга, Куманово – Крива Паланка и Велес – Катланово

СДСМ: ДПМНЕ пак дели тендери, фирмата на Нефи дел од колачот вреден 3 милиони евра