Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Сместувачките капацитети на Попова Шапка карантин за лицата дојдени од странство

Сместувачките капацитети на Попова Шапка карантин за лицата дојдени од странство
300x250 opst2

Тетово, 28 март 2020 (МИА) – Дел од сместувачките капацитети на Попова Шапка се предвидени како места за карантин и изолација на луѓето кои доаѓаат од странство. Според мерките за заштита и спречување на ширење на коронавирусот, тие во хотелите треба да поминат 14 дена во изолација.

-Нашиот хотел Арена Тетекс пријави капацитет од 65 легла, а од вчера се сместени 56 лица. Ние вработените престојуваме во изолиран дел поврзан со кујната. Храната до пред собите им ја носат полицајци. Луѓето се сместени по двајца во соба. Вчера беа и тројца доктори кои извршија прегледи на сите 56 лица. Од разговор со нив дознав дека сите се во добра здравствена состојба, изјави Жарко Неделковски, сопственик на хотелот.

Инаку и двата хотели во државна сопственост, поточно на ЕЛЕМ ТУРС подружница Попова Шапка Тетово се ставени на списокот на сместувачки капацитети каде по потреба ќе престојуваат лица кои треба да бидат во изолација.

-Засега нема донесено луѓе, но ние сме подготвени, бидејќи бевме известени за потребата хотелите да бидат сместувачки капацитети за карантин на македонски државјани кои пристигнуваат од други држави, изјави Живе Алексовски, директор на подружица Попова Шапка.

Хотелите „Попова Шапка” и „Славија” имаат вкупен капацитет од 250 легла.ас/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вечерва филмска бркотница низ Скопје заврши кај Идризово, се слушале и пукотници

Филипче: Државата пола ни се исели а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

(ФОТО) Богојески повторно со навредлив коментар, овој пат кон новинарка и инфлуенсерка