Утрински Весник
Спорт

УЕФА: Без завршена сезона, ќе нема клубови во ЛШ и ЛЕ

УЕФА: Без завршена сезона, ќе нема клубови во ЛШ и ЛЕ

Лондон, 28 март 2020 (МИА) – Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), според англиски весник „Сан“, ги известила националните Федерации дека ќе останат без претставници во Лигата на шампиони и во Лига Европа, доколку не завршат првенствата за сезоната 2019/20.

УЕФА по пандемијата со новиот  коронавирус инсистира да има завршница на националните лиги до 30 јули, рок што е подготвена да го продолжи доплнително за еден месец.

Во некои земји, како Англија, Шпанија и Италија веќе може да се слушнат предлози за поништување на сезоната, но таквата идеја е одбиена од УЕФА, која како аргумент го дава одложеното Европско првенство и верува дека има простор за завршување на националните шампионати. сѓд /ми/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026